ЖРК Вардар денес се сретна со тимот на ЖРК Бор Зијан Коппер на вториот ден од меѓународниот турнир “Ѓорче Куп 2022“. Девојките на Царчев дојдоа до победа со резултат 32-27.
Тимот на Бор имаше предност на почетокот, србинките поведоа со 5-3, ние ја подобривме играта и успеавме да изедначиме на 7-7 во 9.минута со одличниот гол на Борјана Коцева која мина крај два чувара во нејзин стил. Беше реми до 22.минута (11-11) кога ние поведовме со ударот на Тошевска Магдалена од 10.метра која погоди атрактивно за 12-11. Успеавме да ја сочуваме предноста и на одмор заминавме со 17-16.
Во второт дел по 3.минути игра веќе водевме со три плус (19-16) по погодениот пенал на Трпевска. Ние ја преземавме иницијативата, од минута во минута ја зголемувавме предноста. Успеавме да победиме со високи пет гола предност, односно со резултат 32-27. Ова е прва победа за Царчев како предводник на црвено-црниот тим.
Магдалена Тошевска ја оправда довербата на Царчев и беше прв стрелец со 7 гола, младата Сара Стефаноска погоди 5/5 и тоа се во вториот дел, по 4гола имаа Бојана Коцева, Трпевска Ивона и Наталија Макимовска, а Коцева Борјана стрелаше три пати. Илиќ сопре 12.топки, Трајкоска сопре еден удар. Ѓорѓиевска фати пенал.
Видео од целиот натпревар може да погледнете ОВДЕ!