Денес на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче, контролен натпревар одиграа кадетите на ФК Вардар и Македонија Ѓ.П. Победникот беше решен со еден гол, истиот заврши во мрежата на домашната екипа за конечни 0:1
Првиот директен удар на натпреварот го имаше Вардар, после нафрлена топка од корнер, Симеон Здравковски беше играчот кој биеше со глава, но одбрани домашниот чувар на мрежата. Бевме поконкретни на овој натпревар, а противничкиот голман беше најзаслужен што нашиот состав на крајот не стигна до повисока победа, со оглед дека одбрани зигурно три зицер шанси на вардаровите играчи. Добра шанса во првиот дел од натпреварот имаше и Уневски, откако доби одлична топка од Кузмановски, биеше но голманот на Ѓорче се погрижи неговата мрежа да биде сочувана. Прилика имаше уште и Виктор Стефановиќ, но биеше само над голот. Домашната екипа имаше исто така два обиди, но Леонид Илиевски успешно ги скроти.
Во второто полувреме, Вардар исто така се обидуваше да стигне до отварање на резултатот, најголема шанса за тоа имаше Уневски, кој после нафрлена топка од корнер ја погоди пречката. После една акција на нововлезените играчи, Хадис Рамани го проигра Матеј Стојанов, кој умешно се снајде тресејќи ја мрежата за предност од 0:1. Овој резултат на крајот беше и конечен.
Вардар: Илиевски, Фидановски, Таневски, Здравковски, Трајчевски, Бундалески, Туша, Кузмановски, Нуредини, Стефановиќ и Уневски.