Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар и Металац одиграа без победник на контролниот натпревар во Златибор
ФК Вардар и Металац одиграа без победник на контролниот натпревар во Златибор

ФК Вардар и Металац одиграа без победник на контролниот натпревар во Златибор

Екипата на ФК Вардар одигра со нерешен резултат 1:1 на првиот контролен натпревар, во склоп на подготовките кои се одвиваат во Златибор. Црвено-црните ремизираа со екипата на Металац од Србија.

Избраниците на Грнчаров имаа предност на полувреме со 0:1, со голот на Кристијан Николовски во 38 минута од мечот, за во последните пет минути од овој пријателски натпревар, тимот на Металац да постигне гол и да ги постави конечните 1:1.

ФК Вардар: Гачевски, Глишиќ, Мишковски, Вецески, Брдаровски, Мицевски, К.Николовски, Педрињо, Митев, Цветаноски и Жоглев. 

Играа уште и Јовчев, Цветков, Велковски, Папули, Блажевски, Трајкоски, О.Здравковски, С.Здравковски, Гаштаров, Лефковски и М.Николовски.