Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > По една сезона, Леонардо Дутра, го напушта Вардар
По една сезона, Леонардо Дутра, го напушта Вардар

По една сезона, Леонардо Дутра, го напушта Вардар

Бразилскиот интернационалец, Леонардо Дутра, во новата сезона нема да го носи дресот на Вардар.

Дутра се сели во Саудиска Арабија, каде ќе настапува за екипата на  Ал-Ахли. Бразилецот помина само една сезона во црвено-црниот дрес, откако пристигна од екипата на  Ла Риоха.

Вардар во новата сезона ќе има доста изменет состав, покрај заминувањата на Талески, Моралес и Чувара, се најавува дека дел од екипата нема да биде ниту Манасков, додека Стоилов може да најави крај на играчката кариера, а Ристовски да има нова улога во клубот.

Утре, пред јавноста, ќе биде претставен планот за новата сезона, како и тоа како ќе изгледа тимот во новата натпреварувачка сезона.