Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар се елиминирани во 1/2 финалето на Купот
Пионерите на ФК Вардар се елиминирани во 1/2 финалето на Купот

Пионерите на ФК Вардар се елиминирани во 1/2 финалето на Купот

Пионерите на ФК Вардар ги завршија настапите во Купот, откако денес на единствениот 1/2 финален натпревар на теренот на Алумина беа поразени од екипата на Работнички. Градскиот ривал го доби натпреварот со пресврт во вториот дел, откако црвено-црните на полувреме имаа минимално водство од 0:1, додека конечниот резултат гласеше 3:1.

Работнички во пресрет на натпреварот беше фаворит за пласман во големото финале, ако се земе обзир дека оваа генерација на Вардар сезонава не игра комплетна, но денес сепак пружи голем отпор на противникот, кој го намачи да се пласира во финалето. Избраниците на Саше Божиноски први успеаа да го отворат резултатот со голот на Лука Јакимовски во 22 минута, за водство од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Сепак немавме сили за уште едно добро полувреме. Работнички притискаше и успеа да направи комплетен пресврт. Манојлов беше играчот кој во 62 минута му донесе на домашниот тим израмнување на 1:1, додека во 78 и 79 минута Петрушевски и Богданоски ставија „печат“ на победата за Работнички.

Вардар: Леонид Илиевски, Александар Трајчевски, Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски (К), Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Стефан Ристовски и Никола Уневски.

Играа уште и Алексеј Стефаноски, Дамјан Цикарски и Арбин Курти.