Младинците на ФК Вардар ќе играат во големото финале на националниот Куп, откако денес на теренот во населбата Хиподром ја елиминираа екипата на Шкупи. Патникот во финалето беше решен дури после изведување на ударите од белата точка, откако мечот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 1:1.
Во првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа, иако имаше шанси за отварање на резултатот, но на краток одмор се замина со резултат 0:0. Вардар прв успеа да поведе со 1:0. Се играше 51.минута од натпреварот кога Дошев асистираше до Стефан Стојановски кој успеа да го матира голманот на Шкупи. Противникот успеа да се соземе од негативата и во 59.минута преку Асани да израмни на 1:1. Во регуларниот дел од натпреварот имавме неколку опасни центар шутеви за загрозување на голот, додека прилика имаше и Огнен Здравковски, но немаше реализација. Регуларните 90 минути завршија со нерешен резултат 1:1.
Во пенал серијата како подобар тим се покажа Вардар кој славеше со резултат 4:3. Прецизни за Вардар беа Никола Величковски, Абдула Хасани, Горјан Цветков и Ѓорѓи Дошев. Браво за храброста на овие млади момчиња, како и за тренерот Мичка да им даде одговорност на тројца играчи родени 2005 година да изведуваат удари од белата точка. Нашиот голман Лука Стојковски го одбрани последниот удар на Шкупи, вреден финале за Вардар.
Вардар: Лука Стојковски (К), Давор Серафимов, Христијан Гроздановски, Марко Стојилевски, Нијаз Јусуфи, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски, Славче Живков, Стефан Стојановски, Огнен Здравковски и Филип Трајковски.
Играа уште и Симеон Здравковски, Абдула Хасани и Горјан Цветков.
Противник за Вардар во големото финале ќе биде подобриот од дуелот на Шкендија и Академија Пандев, кој е закажан да се одигра утре во Тетово.