Кадетките на ЖРК Вардар во 2.коло оваа пролет, гостуваа во Ново Село кај тимот на Ѓорче Петров. Лидерот на табелата, тимот на Анжела Платон и Марија Папуџиева продолжи со 100% ефект во лигата, тие остварија гостинска победа со резултат 26-33 (13-17).
Бевме доминантни на почетокот на дуелот, одлични во одбраната и непогрешливи во нападот, тоа донесе одлична серија. Поведовме со високи 0-5 на почетокот на натпреварот. Домаќинот полека се враќаше во игра и успеа да изедначи на 10-10, потоа беше и 11-11, воедно тоа беше последниот позитивен резултат за тимот на Ѓорче Петров-ЖРК на оваа средба. Заигравме поангажирано во финишот на првиот дел и успеавме на одмор да заминеме со четири гола позитива, ние бевме тимот кој има контрола во целост на играта. За време на паузата на оваа кадетска средба беше 13-17 за девоките на Платон и Папуџиева.
На почетокот на вториот дел продолживме со исти ритам како и пред како што го завршивме и првиот период, па дојдовме по само 5.минути ракомет на комотни плус седум (15-22). Од тој момент до последната судиска свирка црвено-црните дами не дозволуваа доближување на резултатски план, иако од клупата ротиравме сепак го задржавме ритамот и предноста од 7.гола со која остваривме втора победа оваа ракометна пролет во кадетската лига. Триумфот дојде со резултат 26-33 за вардарки.
Прв стрелец беше Борјана Коцева со 7.гола, Ангелова Теодора постигна 5.погодока, три девојки натпреварот го завршија со „4ки“ и тоа: Радевска Бојана, Попова Нина и Шеханска Ангела. Бекот, Стојанова Сара два пати ја тресеше мрежата на домаќинот, по еден гол впишаа: Равојска Јана, Стефаноска Сара, Михаела Велјановска, Mиленковска Леона и Mиленковска Калина.