Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерското градско фудбалско дерби заврши без победник, Вардар се врати од два гола негатива, но пропушти можност и за три бода
Пионерското градско фудбалско дерби заврши без победник, Вардар се врати од два гола негатива, но пропушти можност и за три бода

Пионерското градско фудбалско дерби заврши без победник, Вардар се врати од два гола негатива, но пропушти можност и за три бода

Денес на теренот во населбата Хиподром се одигра пионерското фудбалско градско дерби, меѓу екипите на Вардар и Работнички. Видовме добар натпревар, кој на крајот заврши со поделба на бодовите.

Тренерот Божиноски започна со следниве 11-сетмина: Илиевски, Трајчевски, Јакимовски, Митревски, Серафимов, Кулуковски, Спасиќ, Цветков (К), Кузмановски, Алији и Цикарски. 

Работнички и Вардар може да жалат што не дојдоа до целиот плен на овој дерби дуел, иако може и нерешениот резултат на крајот беше реален исход од натпреварот од 4.коло во Пионерската Супер Лига. Работнички да жали поради тоа што на полувреме имаше два гола позитива, додека Вардар може да жали поради фактот што во вториот дел целосно го надигра градскиот ривал, успеавме да го израмниме резултатот, а имавме уште две прилики и да направиме целосен резултатски пресврт.

1

Екипата на Работнички не казни во првото полувреме и постигна два гола во нашата мрежа, може да се каже по наши грешки. Пред да биде отворен резултатот обиди кон гостинскиот гол имаа Александар Трајчевски и Лука Јакимовски, додека првата посериозна шанса за отварање на резултатот ја имаше Алтин Алији, кој биеше од некаде 20-сетина метри од левата страна, топката малкку ја закачи стативата од голот на Работнички и излезе во гол аут. Противникот успева да поведе со 0:1 и тоа со удар од белата точка. Се играше 21 минута од натпреварот кога во нашиот шеснаесетник соборен беше Богдански, по што беше досудена најстрога казна. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше нивниот капитен, Матеј Ангелов кој погоди за 0:1. После негативата се обидувавме да се вратиме во натпреварот, обид имаше Тино Спасиќ, кој остана без реализација. Во 43 минута после една голманска грешка и нафрлена топка од корнер, Малик Хамзиќ беше играчот кој со глава ја тресе нашата мрежа за водство од 0:2. Со овој резултат се замина на полувреме.

2 3 4

Во второто полувреме видовме еден сосема поинаков Вардар кој во сите сегменти на фудбалската игра го надигра градскиот ривал. По само три минути игра во вториот дел, момците на Саше Божиноски успеаа да ја преполоват негативата. Се играше акција од десната страна кога Лука Јакимовски упати центар шут, топката стигна до Алтин Алији кој успева да ја затресе мрежата на противникот за намалување на 1:2. Како што напоменавме, Вардар доминираше во вторите 45 минути, додека Работнички немаше ниту една директна закана кон нашиот гол. Со влегувањето на Максим Бундалески живна играта на Вардар кој делуваше подобро на теренот. Токму Бундалески имаше шанса кога со глава биеше крај гол, додека во шанси се најде и Михаил Кузмановски, но се уште противникот беше во водство.

5 6 7 8 255305269_4498449123535232_2607515714256594609_n

Инциијативата вроди со резултат, кога Тино Спасиќ во 80 минута со прецизен удар кој заврши во долниот лев голмански агол, успеа да донесе израмнување на 2:2 и голема радост кај вардаровите играчи. Бевме го голем налет, целата игра едноставно се префрли на половината на Работнички, додека градскиот ривал се обидуваше да направи нешто од контра напади, но беа целосно отсечени во овој дел од натпреварот. Момците на Божиноски се обидоа да направат пресврт, во две прилики се најде Алтин Алији, кој не успеа да погоди, па натпреварот заврши со поделба на бодовите и конечни 2:2.

Во игра во второто полувреме покрај Бундалески, влегоа и Ристовски и Јаневски.