Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Победа за младинците во градското фудбалско дерби, кадетите со четврти последователен пораз
Победа за младинците во градското фудбалско дерби, кадетите со четврти последователен пораз

Победа за младинците во градското фудбалско дерби, кадетите со четврти последователен пораз

Денес на Алумина своите натпревари од 4.првенствено коло ги одиграа кадетите и младинците на Вардар кои гостуваа кај екипата на Работнички. На овие натпревари остваривме половичен успех од една победа и пораз.

Кадетите не успеаа да освојат бодови ниту после четири одиграни кола, па оваа генерација на Вардар има четири порази од исто толку одиграни натпревари. Работнички беше подобар за еден гол, на натпреварот во кадетската Супер лига, истиот беше дело на Емир Хусеиноски во 39 минута од натпреварот. Секако и Вардар имаше свои шанси, кои останаа беа реализација, па на крајот мораа да се помират со пораз.

Вардар:  Данстак, Ивановски, Здравковски, Таневски, Величковски, Стојановски (К), Јовановски, Перковски, Анчевски, Ибраим и Петровски. 

Играше уште и Хубрев.

Младинците на Вардар се вратија на победите, откако успеа да излезат како победници на дербито со Работнички. Дури во второто полувреме и тоа во завршните 5 минути од натпреварот. Се играше 86 минута од натпреварот кога Ричков после слободен удар упати центар шут во противничкиот шеснаесетник, најснаодлив со глава беше Дарио Јовановски кој успеа да го матира домашниот голман за голема радост и водство од 0:1. Во последната 90 минута се случи и вториот погодок, овој пат Јовановски од десната страна асистираше до Сулејман Исмаиљи, кој со глава го совладува голманот на Работнички за предност од 0:2. Со овој резултат и заврши натпреварот во младинската Супер лига.

Вардар: Стојковски (К), Ричков, Ѓоргоски, Мирков, Андрески, Дошев, Јусуфи, Здравковски, Трпезановски, Марковски и Јовановски.

Играа уште и Тасевски, Живков, Исмаиљи и Хасани.

После четири одиграни кола, младинците имаат скор од три победи и еден пораз.