Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со кадетски тим ја совлада РК Струма во младински дуел со 35.гола повеќе
ЖРК Вардар со кадетски тим ја совлада РК Струма во младински дуел со 35.гола повеќе

ЖРК Вардар со кадетски тим ја совлада РК Струма во младински дуел со 35.гола повеќе

Денес во последното коло од првиот круг, младинките на ЖРК Вардар гостуваа кај РК Струма. Тимот кој денес беше претежно составен од нашите кадетки и го предводеше Анжела Платон дојде до убедлива победа со резултат 10-45. Со овој победа ние се наоѓаме на првата позиција во групата-А.

На теренот бевме крајно доминани од првата до последната минута, поведовме со 0-3, ривалот намали на 1-3. Така и се движеше дуелот потоа, во првиот дел на секој нивни гол, црвено-црните дами враќаа со тројна мера, од минута во минута ја зголемуваа предноста. Па на одмор веќе се беше познато, по 30.минути ракомет водевме со 17.гола повеќе, односно со 7-24.

.
Платон ги ротираше сите девојки кои ги имаше на располагање, на сите даде прилика, но не се смени ништо во текот на второто полувреме во однос на нашата доминација. Противникот постигна само три гола во вториот период, а пак ние дадоавме 21 погодок во неговата мрежа. Победата дојде со високи 35 гола повеќе, резултатот на крај беше 10-45.

.
Максимовска беше прв стрелец со 8.гола, Коцева Бојана погоди 6.пати, Стојановска Сара и Попова Јасмина имаа 5.погодоци, пет девојки имаа 4ки: Крагељ Мила, Попова Нина, Коцева Бојана, Ангеловска Теодора и Радевска Бојана, три гола впиша Златица Васевска.
На голот одлични беа Вероника Ѓорѓиевска со 8.одбрани, Трајкоска Јована впиша 6.сопрени топки денес.