После само една сезона помината во црвено-црниот дрес, Жереми Тото од следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од екипата на Нант.
На својата официјална страна, клубот од Франција за кој настапува и Кирил Лазаров го најави доаѓањето на Тото, играч со кој е потпишан договор на три сезони.
Францускиот интернационалец дојде во Вардар од екипата на Висла Плок и со своите добри игри ги освои симпатиите на навивачите и ракометната јавност, но по само една сезона клубот ќе мора да се раздели од неговите услуги.