Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Преглед на сезоната за пионерите на ФК Вардар
Преглед на сезоната за пионерите на ФК Вардар

Преглед на сезоната за пионерите на ФК Вардар

Преглед на сезоната за пионерите кои го освоија 8.место во пионерската Супер Лига, лош пласман за генерацијата 2006 која минатата сезона ја освои двојната круна во домашните натпреварувања.

На лошите резултати влијаеше и заминувањето на неколку играчи, како и прекомандувањето во повозрасните генерации. Во лигата на 22.одиграни натпревари имавме остварено 7 победи, 7 нерешени резултати и 8 порази. Постигнавме 33, додека примивме 38 голови.

Марко Николовски и Михаил Танчев го делат првото место, на листата на најдобри стрелци, што се однесува до постигнатите голови во првенството, и двајцата имаат по 7 погодоци. Во листата на стрелци се запишуваа уште и Матеј Гаштаров и Максим Цониќ (5), Кристијан Галевски и Давор Лефковски (2), Хабиб Бектеши, Драган Јанкоски, Златко Радески и Харбин Туша со по 1 гол.

Најстарден играч сезонава беше Михаил Танчев кој имаше најголема минутажа, односно помина 1568 минути на теренот, пред Хабиб Бектеши со 1512 и Дамјан Алексовски со 1349 одиграни минути во лигата.

Во Куп натпреварувањето стигнавме до 1/4 финалето, каде со минимални 1:0 загубивме на гостувањето кај Шкупи. Во рамките на 1/8 финалето на домашен терен ја совладавме екипата на Победа со резултат 2:1, со головите на Марко Николовски и Матеј Гаштаров.

 Марко Николовски беше и најмладиот играч кој сезонава имаше деби на официјален натпревар за сениорската екипа на клубот.