Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Сребрен медал за генерација 2008 на турнирот во организација на ФК Раднички Ниш
Сребрен медал за генерација 2008 на турнирот во организација на ФК Раднички Ниш

Сребрен медал за генерација 2008 на турнирот во организација на ФК Раднички Ниш

Генерацијата 2008 го освои сребрениот медал на меѓународниот младински турнир во организација на ФК Раднички Ниш.

Во конкуренција на осум екипи, избраниците на Влатко Колев на крајот завршија на второто место. Во рамките на првото коло, вардаровите надежи убедливо со резултат 3:0 ја победија екипата на 019 Зајечар. Матео Кесиќ, Душан Заев и Илија Митаноски беа стрелци на голвоите. На вториот натпревар во групата исто така стигнавме до триумф, минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот со Железничар Коперникус беше Омер Идризи. Во последното коло од групната фаза, се сретнавме со екипата на Филип Филиповиќ, натпревар на кој бевме поразени со резултат 2:0.

Вардарци обезбедија пласман во полуфиналето, каде за противник го имавме тимот на Дубочица Лесковац. Во регуларниот дел, натпреварот заврши без голови 0:0, по што се пристапи на изведување на удари од белата точка. Вардар во нив се покажа како подобар, славејќи со резултат 5:4. Прецизни во пенал серијата за нашиот тим беа: Илија Митаноски, Матео Кесиќ, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски и Павел Грбевски.

Во големото финале, се сретнавме со екипата на Раднички Ниш. Во еден борбен натпревар, во регуларниот дел не видовме гол, односно освојувачот на турнирот се решаваше на пенали. Таму како подобар се покажа домашниот тим, кој победи со резултат 3:0.

На овој турнир, тренерот Влатко Колев им даде шанса за настап и на пет играчи кои се родени 2009 година. Тоа се Вилијам Ангеловски, Матеј Николов, Јаков Стојковски, Алек Чедомирски и Мартин Атанасовски.