Нашиот Петре Завировски официјално ни потврди дека започна подготовки за делницата која претставува врв на олимпизмот и човештвото, Маратон (42.195км). Можноста да го контролираат дишењето цели 42.195км маратонците ѓи става во групата на најодбрани спортисти. Самата дисциплина Маратон е најтешката олимписка дисциплина. Патот е долг, маратонците се соочуваат со многу проблеми, особено по 30-тиот километар. Тоа е пат за најхрабрите. Храброста не е нешто што му недостига на нашиот Завировски. Тој веќе два пати се има соочено со оваа 42 километарска делница и тоа како 19 годишно момче пред безмалку 1 деценија. Во меѓу време повредите во неколку наврати го спречија да повторно ја истрча Маратонската патека. Вистинско време е сега по 3 пат да се погледне очи во очи Маратонот. Маратонот е веќе одбран тоа ќе биде во октомври на Скопскиот Маратон. Целосните подготовки нашиот Петре Завировски ќе ги одработи онаму каде растеше во родното Миладиновци и делови од општината Илинден од каде ни доаѓаат најдобрите Македонски атлетичари во историјата на Македонската атлетика. Во целост ви ја пренесува изјавата на нашиот Завировски: “Повторно ми се роди желба за трчање Маратон. Тоа е нешто што одсекогаш сум сакал да го правам. Уживам во долгото трчање. Особено задоволство ќе ми биде повторно да го направам тоа. Трчањто 42.195км е процес кој трае континуирано Патот е долг не само на денот на трката туку и пред тоа. Условите за трениг се екстремно тешки. На почеток сме на пеколното Скопско лето. Но зошто да не. Ќе се обидам на неделно ниво да држам од 140 до 170км со 2 пати на ден тренинг. Психички сум добро подготвен и сакам да го правам ова. Сега е вистинско време по 3 пат да си кажеме здраво со Маратонот. Веќе 2 пати го имам стрчано пред безмалку 1 деценија тогаш како 19 годишно дете. Но што знае 19 годишно дете што се 42км. Од тогаш можам да кажам дека сум исклучително задоволен од она што го постигнав. Постигнав резултати за кои мислев дека никогаш нема да можам да ги постигнам. Сега ќе се подготвам добро. Не доаѓам само за да го истрчам Маратонот. Доаѓам за резултат кој ќе го прави гордо моето семејство. Долгото трчање и долгите патеки се составен дел од мене целиот мој живот. Тоа беше тука присутно во сите убави и тешки моменти од мојот живот. Време е да оставам свој траг на најтешката олимписка дисциплина. “. Завршува Завировски. Особена чест ни е што во Вардаровото семејство има спортисти од калибарот на Завировски кои целата кариера ја минуваат во црвено црниот дрес афирмирајки го колктивот. Вардар Фанс му посакува среќен пат на Завировски и одличен резултат во октомври.