Со одигрување на бараж натпреварите за пласман во втората македонска фудбалска лига, познати се сите екипи кои во новата сезона ќе бидат дел од ова натпреварување.
Познато е дека во новата сезона ќе има само една втора лига која ќе брои 16 екипи и која ќе стартува на 14 август. Интересно е тоа што Вардар е единствената екипа која доаѓа од Скопје.
Ова се екипите кои ќе се натпреваруваат во единствената Втора фудбалска лига: Вардар (Скопје), Борец (Велес), Пелистер (Битола), Воска (Охрид), Охрид (Охрид), Тетекс (Тетово), Гостивар (Гостивар), Беса (Добри Дол), Беласица (Струмица), Слога (Виница), Каменица Саса (Македонска Каменица), Кожуф (Гвегелија), Детонит (Радовиш), Пехчево (Пехчево), Караорман (Струга) и Арсими (Чегране).