Во конкуренција на четири екипи, генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар го освои 3.место на меѓународниот младински турнир во организација на ФК Раднички Ниш.
Во полуфиналето, момците на Влатко Колев беа поразени од екипата на Славија Софија со резултат 3:0, додека во борбата за 3.место после изведување на ударите од белата точка ја победивме екипата на Нови Пазар. Во регуларниот дел натпреварот завршил без голови 0:0.
На истиов турнир, денес учество ќе земе и генерацијата 2008 на ФК Вардар.