Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис најверојатно го напушта Вардар, новите засилувања се невозможна мисија дека ќе пристигнат во Скопје
Дејвис најверојатно го напушта Вардар, новите засилувања се невозможна мисија дека ќе пристигнат во Скопје

Дејвис најверојатно го напушта Вардар, новите засилувања се невозможна мисија дека ќе пристигнат во Скопје

После девет последователни сезони во најголемото ракометно натпреварување, од кои две како Европски Шампион, екипата на РК Вардар во новата натпреварувачка сезона нема да биде од Лигата на Шампионите. Од ЕХФ и дефинитивно одлучија да го исклучат Вардар од настапите во ЛШ, поради ненавремено расчистени долгови.

Иако претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, истакна дека Вардар дал банкарска гаранција за долговите, сепак ЕХФ не ја промени одлуката, па во новата сезона ЛШ ќе биде дел од Вардар.

Поради ваквата неочекувана ситуација, ќе се променат многу работи во најголемиот македонски бренд. Неизвесно е останување на некои спонзори, но и на играчите пред се странските, кои најавуваат заминување од клубот. Голема е веројатноста дека до продолжување на договорот нема да дојде со Давид Дејвис, кој заминува после една полусезона во редовите на црвено-црните, со кои успеа да ја освои двојната домашна круна. Најверојатно негов наследник ќе биде човекот, кој и беше привремено решение после заминувањео на Вујовиќ, а пред доаѓањето на Дејвис, тоа е Владо Недановски.

Играчите кои веќе потпишаа со Вардар за новата сезона, сигурно дека ќе ги раскинат договорите, како Дуарте кој денес се поврзуваше со трансфер во Гепинген, но неизвесно е доаѓањето и на Андреев, Анџелиќ и Цехте.

Многу појасна слика околу играчкиот состав на екипата, ќе имаме во понеделник, кога од клубот најавија пресконференција на која ќе бидат изнесени и други детали. Очекуваме да видиме каква ќе биде „судбината“ на двократниот Европски Шампион, кој во новата сезона ќе го гледаме само во домашните натпреварување, со оглед дека и СЕХА лигата е под голем прашалник за продолжување.