Поради паузата во ПМФЛ и ВМФЛ, денес екипите играа пријателски натпревари, меѓу нив беше и Вардар, кој гостуваше кај екипата на Македонија Ѓ.П.
Натпреварот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, заврши во корист на домашниот тим со резултат 2:0.
Денес, својот прв настап во сениорскиот тим го имаа тројца млади играчи од школата на Вардар. Се работи за Огнен Здравковски (2004), Тино Спасиќ, Никола Филевски и Матеј Митревски (2005). Шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров, сезонава верува во младите играчи, давајќи им се повеќе шанса да се наметнуваат во првиот тим.