Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Висока победа за генерација 2008, помладите „петлиња“ ремизираа со екипата на ФК Парк
Висока победа за генерација 2008, помладите „петлиња“ ремизираа со екипата на ФК Парк

Висока победа за генерација 2008, помладите „петлиња“ ремизираа со екипата на ФК Парк

Генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар денес одиграа натпревари против екипата на ФК Парк, во рамките на Регионалната Скопска Лига. Генерацијата 2009 одигра со нерешен резултат, додека до висок триумф стигнавме со генерацијата 2008.

Матеј Ристевски донесе бод за помладите петлиња, натпреварот на Парк и Вардар кај генерација 2009 заврши со резултат 1:1 (0:0).

Во првиот дел не видовме погодок, иако и двете екипи имаа обиди кон голот. Кај нас се заканија Матеј Ристевски и Мартин Смиљков, но бранеше голманот на Парк. На нашиот гол, Лука Грчевски во вториот дел исто така имаше две интервенции.

329557849_1135110983852254_1950406211469709373_n 337001863_233094835880554_3728366865762472810_n 337044792_605813127757929_938793103013762083_n

Во второто полувреме, Парк прв успеа да го отвори резултатот, после центар шут од корнер, ние не ја избивме топката на време, што го искористи еден од противничките играчи за предност од 1:0. Интересно е што тренерот Златко Тасевски во вториот дел во игра го внесе Лука Грчевски кој првиот декл го бранеше, но во второто полувреме играше на теренот. Грчевски покажа солидна игра, тој и учествуваше во израмнувачкиот гол на Вардар. Пред да го израмниме резултатот, имавме обид од корнер, после центар шут на Ристевски, Ангеловски Вилијам со глава ја погоди стативата од голот на Парк, за во последната минута во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Матеј Ристевски кој успеа фудбалски да реагира и да донесе израмнување на 1:1, резултат кој беше и конечен на овој интересен натпревар.

Вардар: Лука Грчевски, Даниел Колевски, Максим Дошев, Павел Котески, Матеј Ристевски, Коста Бошковски (К), Давор Павловски, Вилијам Ангеловски, Лука Галевски, Мартин Смиљков, Андреј Јовиќ.

Играа уште и Марко Баснарков, Даријан Величковски и Михаил Божиновски.

Генерацијата 2008 со убедлива победа (0:6) на гостувањето кај екипата на ФК Вардар.

Интересно, на полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Избраниците на Влатко Колев во овој дел од мечот имаа обиди преку Кадрији, како и преку Буцевски кој ја имаше најзрелата шанса, но не успеа да реализира.

Во вториот дел тргнавме многу поафанзивно и речиси цело второ полувреме се играше на половината на противникот. Бевме решени да ги освоиме трите бода и на крајот успеавме со висок триумф. После една добра акција во 46.минута Христијан Јевтоски беше играчот кој успеа да ни донесе предност од 0:1. Бојовиќ Заев исто така се обиде од далечина, но одбрани домашниот чувар на мрежата, за во 50.минута со голот на Ендрит Кадрији да зголемиме на 2:0. Противникот немаше ниту една директна закана кон голот на Грбевски во вториот дел.

336981169_738866767872532_7916516518043213080_n 337411433_522890976697554_9113672157187052013_n

Ние продолживме да напаѓаме и да креираме шанси, следната ја реализираме во 53 минута кога со силен и прецизен удар од некаде 18.метри, Омер Идризи ни донесе водство од 0:3. Добар погодок во 58 минута, некаде на работ на шеснаесетникот постигна и Дамјан Буцевски за 0:4, додека после едно лошо исфрлање на гостинскиот голман, кој сакаше да расчисти, топката го погоди Илија Митаноски, кој зголеми на 0:5 во 68.минута. Конечниот резултат од 0:6 со својот втор гол ги постави Омер Идризи во 74.минута од натпреварот.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Дамјан Буцевски, Ендрит Кадрији и Данило Делев.

Играа уште и Омер Идризи и Петар Блажевски.