Шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА. Бабунски во разговорот не потенцираше околу тоа што ги интересира навивачите, а тоа се новите играчи.
„Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготовени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа“, е дел од изјавата на Бабунски.
Целиот разговор можете да го погледнете подолу: