Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ЗА ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР ВО САРАЕВО, ВО ФИНАЛЕТО ПОДОБРИ БЕВМЕ ОД БУДУЌНОСТ
ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ЗА ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР ВО САРАЕВО, ВО ФИНАЛЕТО ПОДОБРИ БЕВМЕ ОД БУДУЌНОСТ

ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ЗА ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР ВО САРАЕВО, ВО ФИНАЛЕТО ПОДОБРИ БЕВМЕ ОД БУДУЌНОСТ

Вардаровите пионери денес играа во големото финале на турнирот во Сараево, противник им беше  екипата на Будуќност. Во текот на вчерашнот ден во последното коло по групи, избраниците на Трајановски убедливо ја победија екипата на Марибор, со резултат од 5:1 и обезбедија меч за пехар кој го добија.

Нашите момци доминираа во финалето, одиграа на високо ниво и заслужено дојдоа до златото на овој пионерски турнир. Ние победивме со два гола предност, односно со резултат 2-0. За црвено-црните на овој дуел стрелаа двајца момци, едниот гол беше дело на Давид Ристовски, а другиот на Ветон Туша. Одличната акција со маестрален удар во водство од 1:0 ја претвори Ристовски, во 25 минута од мечот. Во завршницата на ова финале, победата ја потврди Ветон Душа, за да ги постави конечните 2:0. Мора да се истакне дека и противникот имаше свои прилики, но како и на претходните мечеви, така и во финалето, супериорен на голот, беше Матеј Андов.  Момците на Томче Трајановски покажаа квалитет и пркос во текот на цел турнир, добивајќи ги дуелите со звучните балкански пионерски состави.

За нас на овој натпревар настапија: Андов, Ѓурковски, Петејчук, Манасиевски, Димоски, Митревски, Илиевски, Туша, Ристовски, Хасановиќ  и Ибиши.

Играа уште Зендели, Андоновски, Асани, Игнатов, Спировски и Речица.

На турнирот одигравме вкупно четири натпревари, на кои забележавме три победи и еден нерешен резултат. Третото место е за екипата на Сараево, која во малото финале после изведување на пенали ја победи екипата на Војводина (5:4), откако во регуларниот дел мечот заврши без победник (1:1).