Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Матеј Андов најдобар голман, Џемал Ибиши најдобар стрелец на турнирот во Сараево
Матеј Андов најдобар голман, Џемал Ибиши најдобар стрелец на турнирот во Сараево

Матеј Андов најдобар голман, Џемал Ибиши најдобар стрелец на турнирот во Сараево

Пионерите на ФК Вардар со златен медал ќе се вратат во Скопје, откако успеаа да го освојат турнирот, кој изминативе четири дена се играше во Сараево. Избраниците на Томче Трајановски во големото финале ги совладаа врсниците од екипата на Будуќност (2:0) и на тој начин го освоија првото место, во конкуренција на осум силни екипи од балканот. На тој начин успеавме да го симнеме од врвот токму домаќинот на турнирот, екипата на Сараево, која претходните две години беше освојувач на истиот.

35769685_823466801195691_2710242561275985920_n-1

Покрај трофеј и медали за најдобрите екипи, на завршната церемонија се доделуваа и награди за најдобар играч, стрелец и голман.Две од поединечните признанија завршија во рацете на црвено-црните. Најдобар голман на целокупниот турнир е Матеј Андов од редовите на Вардар. Повеќе од заслужено ова признание заврши во рацете на репрезентативнот чувар на мрежата, кој бранеше одлично на сите натпревари. Најдобар стрелец е исто така од екипата на Вардар, тоа е Џемал Ибиши. За најдобар играч е прогласен Андрија Кривокапиќ од екипата на Будуќност.

vardarfans-andov vardarfans-ibisi