Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар покажа карактер со Марибор, по негатива од 0-3 одигравме реми, Барсегјан фантастичен
Вардар покажа карактер со Марибор, по негатива од 0-3 одигравме реми, Барсегјан фантастичен

Вардар покажа карактер со Марибор, по негатива од 0-3 одигравме реми, Барсегјан фантастичен

По вчерашната одлична игра и победа против Домжале, денеска нашите фудбалери  одиграа уште еден натпревар против тим од Словенија, овој пат противник  ни беше вице-шампионот на оваа земја, екипата на Марибор. Црвено-црните по негативата од 3-0 успеаа да извадат реми и одиграа 3-3. Со што и по три дуели на летните подготовки со тимови од Словенија не знаат за пораз.

Стрелци: 0:1 Млакар 9’, 0:2 Млакар 14’, 0:3 Крамариќ 17’, 1:3 Барсегјан 38’, 2:3 Барсегјан 49’, 3:3 Адем 63’

35881958_10157627177994126_4640901098939351040_n

Мечот го почнавме со овој состав, Филип Гачевски. Во одбраната ќе играат Тодор Тодороски како десен бек, Кристијан Тошевски и Горан Попов како стопери, и Фитор Реџепи како лев бек. Во средниот ред Кларенс Битанг, Дарко Мицевски и Виктор Јуфо. Во нападот на нашата екипа денеска против Марибор ќе настапат Матеј Цветановски, Тигран Барсегјан и Бојан Колевски.

ИГРАЧ НА МЕЧОТ!

ИГРАЧ НА МЕЧОТ!

Вардар отвори лошо, словенците поведоа со високи 3-0 до 17.минута, Марибор ги казни сите наши грешки во дефанзива и поведе убедливо. Ние по овој почетен шок влеговме во ритам и се обидовме да намалиме. Имавме неколку прилики кои не ги реализравме, се до 38.минута. Тигран Барсегјан избега на неколку негови чувари силно од работ на казетиот простор од лево погоди под гредата за намалување на 3-1. Со овој резултат се замина на одмор на овој тест-дуел.

q1

Вториот дел го почнавме фуриозно, нападнавме од почетокот со цел резултатски да се доближиме. Во 3.минута од овој период повторно во фантастичен продор беше Тигран Барсегјан, противничкиот стопер го фаулираше и добивме пенал. Токму ерменецот беше изведувач на истиот, шутна силно по средината на голот за намалување на 3-2. Напаѓавме и потоа за да ја анулираме разликата, и конечно успеавме преку Али Адем. Младиот вардаров играч прими една топка оддесно, одлично му асистираше Јакуп Бериша, тој  ги исфрли своите чувари и погоди атрактивно во левиот горен агол за изедначување 3-3 во 63.минута. До крајот двата тима се обидоа да погодат за победа, но не успеаа, двата тренера уфрлија неколку нови играчи во игра. Дефинитивно играч на натпреварот беше одличниот Барсегјан.

zx