Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ВИДЕО) Ристовски и Туша го решија Будуќност, награди за Андов и Ибиши
(ВИДЕО) Ристовски и Туша го решија Будуќност, награди за Андов и Ибиши

(ВИДЕО) Ристовски и Туша го решија Будуќност, награди за Андов и Ибиши

Во периодот од 18-21-ви јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2002“ година успеа да го освои првото место на силниот меѓународен турнир “Играј фудбал, живеј живот“, кој се одигра во Сараево. Денес во големото финале нашите млади надежи беа подобри од екипата на Будуќност, која ја совладаа со резултат 2:0.

Головите беа дело на Давид Ристовски и Туша Ветон, а поединечни награди имаше за Матеј Андов, кој беше избран за најдобар голман, како и за Џемал Ибиши, кој доби награда за најдобар стрелец. Головите и завршната церемонија на доделување на трофејот и наградите, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.