Избраниците на Бобан Бабунски, момците на ФК Вардар вчера на летните подготовки одиграа уште еден натпревар против тим од Словенија, овој пат противник ни беше вице-шампионот на оваа земја, екипата на Марибор. Црвено-црните по негативата од 3-0 успеаа да извадат реми и одиграа 3-3. Со што и по три дуели на летните подготовки со тимови од Словенија не знаат за пораз. Најдобар поединец кај нас со два гола и една асистенција беше Барсегјан.
Стрелци: 0:1 Млакар 9’, 0:2 Млакар 14’, 0:3 Крамариќ 17’, 1:3 Барсегјан 38’, 2:3 Барсегјан 49’, 3:3 Адем 63’