Хуан Фелипе беше “спасителот“ на Вардар на натпреварот против екипата на Ренова. После нерешениот резултат против Скопје, црвено-црните се вратија на победничките патеки во ПМФЛ и тоа со гол во 82 минута кој го постигна Фелипе. Претходно Вардар поведе преку Барсегјан, но при крајот на прото полувреме, гостите од Тетово го израмнија резултатот. Сепак Фелипе не дозволи изненадување и со одличен удар ја смести топката во мрежата.
Погледнете го голот на Хуан Фелипе вреден три бода.