Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Генерацијата 2002/03 на РК Вардар предводена од Будимир ќе се натпреварува во пионерска и кадетска лига
Генерацијата 2002/03 на РК Вардар предводена од Будимир ќе се натпреварува во пионерска и кадетска лига

Генерацијата 2002/03 на РК Вардар предводена од Будимир ќе се натпреварува во пионерска и кадетска лига

Генерацијата на ракометниот клуб Вардар, момчиња родени 2002/03 година кои се предводени од Андријана Будимир во новата сезона ќе се натпреваруваат во пионерската и кадетската лига. Во пионерската лига ќе се натпреваруваат вкупно 25 екипи поделени во четири групи. На стартот од сезоната на домашен терен ја пречекуваме екипата на Куманово. Овој натпревар се игра во недела, со почеток од 13 часот во С.Р.Ц. Кале. Вардар е дел од групата 1 каде ќе бидат уште и Шампион, Металург, Велес, Аеродром 1, Куманово и Шкупи.

Ова е распоредот на одигрување натпревари за пионерите на РК Вардар во новата сезона:

1 коло: Вардар – Куманово

2 коло: Аеродром 1- Вардар

3 коло: Вардар - Шкупи

4 коло: Велес 2009 – Вардар

5 коло: Вардар – Металург Јуниор

6 коло: Шампион - Вардар

7 коло: слободни.

Истава генерација ќе биде дел и од кадетската лига, каде ќе се натпреварува со повозрасни екипи. Тука сезоната стартува на крајот од месец октомври. Избраниците на Будимир ќе бидат дел од групата 3 во која се уште и екипите на Војнисон Вардар, Металург, Пролет 62, ГРК Гостивар, Шампион, Бутел, Македонија Ѓ.П.

Распоред на одигрување мечеви за кадетите на Вардар во оваа лига:

1 коло: Вардар – Шампион

2 коло: Македонија Ѓ.П - Вардар

3 коло: Вардар – Пролет  62

4 коло: Металург – Вардар

5 коло: Вардар – ГРК Гостивар

6 коло: Вардар – Војнисон Вардар

7 коло: Бутел – Вардар

Боите на Вардар во пионерската и кадетска лига во оваа генерација ќе ги бранат: Ненад Ангеловски, Бране Трифуновски, Давид Стојкоски, Бојан Чакалиќ, Никола Жерновски, Леонид Цорогулов, Давид Мирчевски, Дамјан Димитријевски, Филип Атанасовски, Дарјан Петков, Марио Мишевски, Борис Павловски, Андреј Трајановски, Алексеј Василев, Антонио Пешевски, Давид Савревски, Горјан Трајчевски, Велимир Грујовски, Благој Димчевски, Симон Калајџиевски, Дамјан Србиновски, Матео Јанчев, Мартин Јовевски и Дамјан Јордановски.