Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) Головите од натпреварите на Вардаровите генерации во дуелите со Прилепска Победа
(ВИДЕО) Головите од натпреварите на Вардаровите генерации во дуелите со Прилепска Победа

(ВИДЕО) Головите од натпреварите на Вардаровите генерации во дуелите со Прилепска Победа

Изминатиов викенд се одигра второто 13 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации забележаа две победи и два нерешени резултати во дуелите со екипата на Победа од Прилеп.

-Помладите пионери и покрај големиот број на шанси на крајот не успеа да ја затресе противничката мрежа и да ја задржи лидерската позиција на табелата. Ова беше трет нерешен резултат во лигата за оваа генерација, а веќе втор во низа, откако во првото пролетно коло ремизираа и со екипата на Работнички. Погледнете го видеото од најинтересните моменти на теренот во Марино.

-Пионерите беа сигурни во својот настап на домашниот терен во населбата Марино. Иако по првото полувреме гостите од Прилеп одолеваа на нападите, црвено-црните во вториот дел со четири погодоци во мрежата на Победа ги освоија првите бодови во пролетниот дел. Резултатот гласеше 4:0 со погодоците на А. Ѓоргиески, Саит Битиќи, Марко Ѓорѓиевски и Виктор Пешевски. Видеото со погодоците на линкот подолу.

Кадетите и покрај водството не успеаа до крај да ја зачуваат својата мрежа незатресена и одиграа со резултат 1:1 на гостувањето во Прилеп. На овој начин пропуштиме шанса да се доближеме до предноста на првопласираниот тим ан Металург, кој во ова коло доживеа пораз. Стрелец на единствениот погодок против Победа беше капитенот Дејан Маркоски.

-Младинците ја продолжија победничката серија и на гостувањето во Прилеп. Со три погодоци и тоа сите во второто полувреме избраниците на Љупчо Марковски стигнаа до нови три бода, со кои ја продолжија борбата за титулата со екипата на Шкендија. Стрелци на головите беа Ердон Даци, Виктор Димков и Кристијан Апостоловски. Головите погледнете ги на следново видео.