Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) ! Головите од првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории !
(ВИДЕО) ! Головите од првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории !

(ВИДЕО) ! Головите од првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории !

Изминатиов викенд се одигра првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на сите наши генерации беше екипата на Работнички. Беа остварен две победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Помладите пионери на Фк Вардар останаа на првото место на табелата, откако на дербито со Работнички одиграа со нерешен резултат 1:1. По првиот дел противникот имаше водство од 1:0. Во вториот дел подобра игра на црвено-црните, што донесе израмнување. Инаку двата погодоци беа постигнати од ударите од белата точка. Стрелец на голот за Вардар беше Марио Асенов.

Пионерите беа единствените кои не успеаа да освојат бодови во дуелот со Работнички. Иако на двапати имавме предност, на крајот сепак противникот се радуваше на триумфот. По првиот дел резултатот беше оној почетниот. Во вториот дел за само 5 минути паднаа три голови. Црвено-црните поведоа со 0:1 со голот на Саит Битиќи, во следната минута Работнички врати за израмнување. Али Адем донесе нова предност за Вардар од 1:2, сепак во последните 10 минути комплетен пресврт за триумф на Работнички од 3:2.

Александар Трајчевски беше јунакот за кадетите на Вардар во победата од 1:0. Моментот на одлука падна во вториот дел, кога со еден прекрасен удар популарниот “Робињо“ донесе голема радост и три бода за својот тим. Со оваа победа Вардар го истисна Работнички на четвртата позиција, додека црвено-црните напредуваа место погоре на табелата, односно на треттото место.

Младинското дерби заслужено му припадна на Вардар со резултат 2:1. По првиот дел имавме водство со голот на Дарко Додевски. Во второто полувреме на 2:0 зголеми Стефан Тасески, а Работнички до крајот само го ублажи поразот на 2:1.