Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот на РК Вардар за натпреварот со Висла Плоцк, без класичен лев бек на овој меч
Познат составот на РК Вардар за натпреварот со Висла Плоцк, без класичен лев бек на овој меч

Познат составот на РК Вардар за натпреварот со Висла Плоцк, без класичен лев бек на овој меч

Со почеток од 18:30 часот Вардарци ќе го одиграат првиот осминафинален дуел од ракометната лига на шампиони. Противник е добра познатата екипа на Висла Плоцк. Веќе е познат составот на на црвено-црните за овој натпревар. Тренерот Раул Гонзалес ќе има проблем на позицијата лев бек, откако во игра за денешниот натпревар отпадна и Сергеј Горбок. Претходно знаеме дека ќе недостасува и капитенот Филип Лазаров.

Вардар: Штербик, Ангелов, Милиќ, Шишкарев, Брумен, Стоилов, Тоскиќ, Марсениќ, Дибиров, Манасков, Карачиќ, Циндриќ, Душебаев, Македа, Абутовиќ.