Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Видео) На Велики петок Вардар го игра најважниот натпревар сезонава: ,,Комитите” со најава и нова песна за утрешниот дерби дуел
(Видео) На Велики петок Вардар го игра најважниот натпревар сезонава: ,,Комитите” со најава и нова песна за утрешниот дерби дуел

(Видео) На Велики петок Вардар го игра најважниот натпревар сезонава: ,,Комитите” со најава и нова песна за утрешниот дерби дуел

Утре, ФК Вардар го игра најважниот натпревар сезонава, натпревар на домашен терен против ФК Гостивар, на кој вардарци ќе атакуваат на победа и со самото тоа ќе си ги зголемат шансите за пласман во Првата фудбалска лига на Македонија.

Утрешниот натпревар кој се игра на големиот празник Велики петок, навивачите на Вардар популарните ,,Комити” ја загреаа атмосферата со ново видео и тоа токму на стадионот во скопската населба Маџари каде утре ќе се игра дерби дуелот. Навивачите на скопскиот тим ја промовираа и новата своја песна, а ги повикаа и своите членови утре на масовно присуство.

Без сомнение, утрешната трибина во Маџари ќе биде полна со вардарови навивачи. Инаку, дуелот утре започнува со почеток од 16 часот.

https://www.facebook.com/KomitiZapad87/videos/617746100368059