Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Публиката одлучи, Барсегјан е најдобар играч за месец мај, Фелипе со најубав погодок
(ВИДЕО) Публиката одлучи, Барсегјан е најдобар играч за месец мај, Фелипе со најубав погодок

(ВИДЕО) Публиката одлучи, Барсегјан е најдобар играч за месец мај, Фелипе со најубав погодок

Како што веќе со месеци наназад традиционално ФК Вардар на официјаланта страница избира најдобар играч и наjубав погодок за изминатиот месец. Публиката гласаше и ги одбра своите фаворити за изминатиот месец, мај.

Според гледачите Тигран Барсегјан е најдобар играч на Вардар за месец мај, тој освои најмногу гласови во гласањето спроведено од страна на ФК Вардар. Барсегјан доби 72% од вкупните гласови, додека на второто место е Фелипе со 22% од гласовите. Џамбул Џигаури на третата позиција доби 6% од гласовите.

Според фановите кои гласаа, голот  на Хуан Фелипе против Пелистер намечот одигран во Битола, доби најмногу гласови. Бразилецот  победи во изборот на најубав гол за изминатиот месец мај, Фелипе доби 47% од гласовите, додека голот на Дејан Блажевски против Македонија ЃП доби 36%. На третото место се пласираше голот на Џамбул Џигаури против Работнички, кој доби 17% од гласовите. Во продолжение голот на месец мај.