Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во преговори со Бесар Ибраими од Шкендија ?
ФК Вардар во преговори со Бесар Ибраими од Шкендија ?

ФК Вардар во преговори со Бесар Ибраими од Шкендија ?

Македонскиот фудбалски шампион Вардар е во преговори со Бесарт Ибраими, напаѓачот на тетовска Шкендија. Како што донесува новиот спортски сајт Sport1.mk кој наскоро ќе биде во етерот со добро позната новинарска екипа која атакува на врвот, момчето од тетовските црвено-црни ќе мине во скопските.

Понатаму тие велат еден од најдобрите офанзивци во македонското првенство бил неколкупати на преговори со управата на црвено-црните, која со него сака да ја подобри напаѓачката линија на тимот. Ибраими не се гледал себеси во „новата“ Шкендија, која идната сезона ќе биде со значително намален буџет, а Вардар токму тоа сака да го искористи и да го ангажира фудбалерот кој настапуваше за најлутиот ривал на скопјани.
Ако двете страни се договорат, Ибраими би требало да им се приклучи на скопските црвено-црни до заминувањето на подготовки во Австрија.