Фактот што ние како европски првак и треба да се подготвуваме за настап на ИХФ Супер Глоуб, неофицијалното клупско светско првенство донесува измени во календарот за подготовки. Истото ќе се одржи од 23 до 26 август во Доха, Катар. Настапот на македонскиот и европски првак на Супер Глоуб 2017 ги промени сите претходни планови на Вардар.
Најверојатно македонскиот шампион мораа да го откаже турнирот во Веспрем (26-27 август), кој го организира унгарскиот првак во чест на 40.годишнината од своето постоење. Вардарци пратија известување до учесниците на “Вардар трофеј” кој требаше да се игра во Скопје дека се принудени да го откажат овој турнир. Овој требаше да се игра во периодот 16 до 19 август. Учесници беа најавени Металург, Пик Сегед, Кристијанштад и словенечки Горење Велење. Единствен турнир кој останува како можност за подготовка и воигрување на европскиот првак е оној во Гумерзбах. Тој се игра на 12-ти и 13-ти август, покрај Вардар и домаќинот на истиот ќе настапат и бундеслигашите Рајн Некар Левен и Флензбург.