Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) Три победи и еден нерешен резултат, во последното есенско коло за фудбалските категории на Вардар
(ВИДЕО) Три победи и еден нерешен резултат, во последното есенско коло за фудбалските категории на Вардар

(ВИДЕО) Три победи и еден нерешен резултат, во последното есенско коло за фудбалските категории на Вардар

Изминатиов викенд се одигра последното коло од есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите генерации, беше екипата на Милано од Куманово. Беа забележани вкупно три победи и еден нерешен резултат во дуелите со овој противник.

-Помладите пионери на успешен начин го заокружија првиот дел од сезоната. На домашен терен беа подобри од Милано со резултат 3:0. Ибрахим Ариф постигна два гола и еден дело на Давид Астарџиев. Оваа генерација стана есенски шампион со вкупно освоени 31 бод, десет победи и еден нерешен резултат. Головите од последниот есенски дуел можете да ги погледнете ТУКА.

-Пионерите исто така триумфираа со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Елвир Рамиќ и Марко Стојчески. Есенскиот дел го завршија на второ место, со само еден бод заостанување зад екипата на Шкупи. Освои вкупно 25 бода, или осум победи, еден нерешен резултат и два порази. Двата погодоци можете да ги погледнете ТУКА.

-Кадетите беа единствените кои не победија во дуелите со Милано. Натпреварот заврши, исто како што започна со резултат 0:0. Лошите услови за играње на теренот беа главната причина што овој натпревар немаше фудбалска убавина. Оваа генерација го заврши првиот дел од сезоната на четвртото место. Видео од поинтересните моменти погледнете ТУКА.

-Младинците беа подобра екипа од својот противник и на крајот сосема заслужено ги освоија трите бода. Конечниот резултат на теренот во Куманово гласеше 1:2. Ердон Даци и Јасир Беќири погодија за црвено-црните. Есенскиот дел го завршивме на третото место со ист број на бодови по 23 со второпласираната А. Пандев. Прва е Шкендија со вкупно 25 освоени бодови. Головите од победата на младинците можете да ги погледнете ТУКА.