Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Стефанија Мишевска: Ова е одлична шанса за нас да продолжиме понатаму во европските натпреварувања
Стефанија Мишевска: Ова е одлична шанса за нас да продолжиме понатаму во европските натпреварувања

Стефанија Мишевска: Ова е одлична шанса за нас да продолжиме понатаму во европските натпреварувања

Жрк Вардар Јуниор го доби својот противник во рамките на 1/8 од Челинџ купот. Екипата на Минаква Војводина од Србија ќе биде следната пречка за младите Вардарки во ова натпреварување. Се работи за млад состав кој го сочинуваат претежно домашни ракометарки, засилени со две ракометарки кои доаѓаат од Црна Гора. Војводина оваа сезона ја започна многу лошо во својата лига, откако на девет натпревари забележа само еден единствен триумф. Ова сигурно дека е добра шанса за избраничките на Симе Симовски да се прикажат во добро издание и да ја поминат 1/8 рунда. Една од девојките која има главен збор во одбраната на Вардарки е Стефанија Мишевска, која ги искажа своите први впечатоци за противникот и очекувањата за овој двомеч.

-Немавме некоја посебна желба за противник, пред извлекувањето на денешната ждрепка. Војводина не ја познаваме добро, но сигурно ќе добиеме видео материјали и ќе знаеме поточно за каква екипа станува збор. Ова е одлична шанса за нас да продолжиме понатаму во европските натпреварувања. Сигурно е дека напорно ќе работиме и ќе влеземе максимално мотивирани во дуелите со Војводина, изјави Стефанија Мишевска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски