Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО)Од “петарда“ на ФК Вардар на мечот со Хоризонт
(ВИДЕО)Од “петарда“ на ФК Вардар на мечот со Хоризонт

(ВИДЕО)Од “петарда“ на ФК Вардар на мечот со Хоризонт

Нашиот шампион ФК Вардар на вчерашниот дуел беше убедлив и постигна победа со постигнати 5 погодоци. Овоа беше дуел во рамките на шестото коло од  домашната лига кој се играше на Арената Филип втори  со екипата на ФК Хоризонт Турново. Вардарци му испорачаа “петарда“ на гостинскиот тим. Црцено – црните го добиа овој меч со резултат 5:1 (4:0). Стрелци за тимот предводен од Седлоски беа :  Ивановски 16минута, Блажевски 18 и 66 минута, Ромеро 35 и 45+ минута, а за гостинскиот тим единствениот погодок го постигна  Иванов во последната 90 минута.

За нашиот шампион на овој дуел во ПМФЛ настапија следните играчи : Пачовски,  Попов, Мијушковиќ, Велковски, Хамбарџумјан /од 76 минута Брдаровски/,  Глигоров /од 82 минута Новак(Деби)/, Љамчевски/од 64 минута Спировски/, Фелипе, Блажевски,  Ромеро,  Ивановски. 

Видеото со петте погодока на црвено – црните и останатите возбудивања на овој прволигашки дуел со Хориозонт ќе може да ги погледнете- ТУКА