Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар минимално победија со Еуромилк
Пионерите на ФК Вардар минимално победија со Еуромилк

Пионерите на ФК Вардар минимално победија со Еуромилк

Вчера во 13-00 часот нашите пионери од ФК Вардар  како и помладите пионери во рамките на четвртото коло од домашната лига гостуваа кај тимот на Еуромилк, на стадионот на Цементарница-55 .

Оваа  генерација за разлика од другите наши момци кој се соочија викендов со тимот од скопско Лисиче имаа најтешка задача пред себе. Домашниот тим играше крајно дефанзивно обидувајќи се да извлече реми без голови од овој дуел. Нашата генерација У-17 имаше и проблеми при составувањето на тимот бидејќи недостасуваа тројца клучни фудбалери во црвено- црниот табор. Првото полувреме мина на рака на домаќинот чии “бункер“ не успеавме да го пробиеме и на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0. Во вториот дел акциите на нашите млади надежи се засилија , но домаќинот сеуште оделеваше и успеваше да биде во игра за поволен резултат. Како одминуваше второто полувеме пионерите на Еуромилк почнаа да паѓаат на физички план… само прашање на време беше кога вардарците ќе го казнат тоа. Во финишот на мечот Александар Ѓорѓиоски стрелаше за 0-1 гол доволен да се круниса трудот во текот на целиот меч и да заминат 3-те бода на контото на нашиот млад вардаров состав.
Крајниот резултат е одличен, бидејќи успеавме да ја оствариме целта и покрај пречките со кој се соочивме на овој лигашки дуел.