Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > УЕФА Европа Лига се потсетува: Маестрален волеј од корнер дело на вардарецот Блажевски!

УЕФА Европа Лига се потсетува: Маестрален волеј од корнер дело на вардарецот Блажевски!

2017 година беше златна за фудбалерите на ФК Вардар, но и за навивачите на клубот. Најтрофејниот фудбалски колектив во државава се пласираше во историската групна фаза на Лигата на Европа и одигра три дуели против реномирани екипи.

Една од нив беше Зенит од Русија, каде Вардар одигра добар натпревар, а згора на тоа постигна и ефектен гол дело на Блажевски по нафрлена топка на Фелипе од корнер во 93. минута за конечни 2:1.

Овој гол беше еден од најубавите таа сезона во Лигата на Европа. Уште еднаш потсетете се за каков гол стануваше збор. Вреди да се погледне неколку пати ОВДЕ.