Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шеваљевиќ: Ако сме оние „вистинските“ можеме да му парираме на Веспрем
Шеваљевиќ: Ако сме оние „вистинските“ можеме да му парираме на Веспрем

Шеваљевиќ: Ако сме оние „вистинските“ можеме да му парираме на Веспрем

Вардар утре го чека тежок дуел, меч од 1/8-финалето во ЕХФ Лигата на шампиони против Веспрем. Дуелот во Јане Сандански е закажан  од 18.45. За истиот свои очекувања кажа црногорскиот репрезентатиец, Васко Шеваљевиќ.

Мислам дека не треба да трошиме зборови за квалитетот на Веспрем. На секоја позиција се покриени со два добри играча, но во тек е анализа и подготовка за нив и мислам дека можеме да им парираме, ако бидеме оние вистинските. Ако бидеме борбени и агресивни, ако им помогнеме на голманите да одбранат што повеќе топки и со некоја добра транзиција и со трпелива игра во нападот, мислам дека можеме да направиме позитивен резултат. Вардар, секако, од никој не се плаши, но против вакви екипи, едноставно, мора да играме добро за да оствариме добар резултат. Значи квалитетна, сериозна екипа, но логично, има и мани. Во спортот и во ракометот никогаш не се знае, некогаш имате добар, некогаш лош ден, така што може да се очекува добар меч, да почнеме со овој првиот во Скопје, па потоа ќе разговараме за вториот. Јас сум оптимист, дека можеме да очекуваме добар и неизвесен ракомет и се надевам на добар резултат, секако-вели Шеваљевиќ.