Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески: Ако играме маестрално во одбраната, имаме шанси со Веспрем
Талески: Ако играме маестрално во одбраната, имаме шанси со Веспрем

Талески: Ако играме маестрално во одбраната, имаме шанси со Веспрем

Пред РК Вардар е сериозен предизвик, 1/8-финалето од Лигата на шампионите, против Веспрем,  домашен натпревар, кој е закажан за утре во 18.45. Филип Талески смета дека со цврста одбрана Веспрем може да се совлада:

Овој осминафинален дуел за нас е многу важен, а екипата на Веспрем ни е многу позната. Игравме со нив на стартот на сезоната на СЕХА-лигата и таму не одигравме сјајно, онака како што знае Вардар да игра. Сепак, тоа беше почеток на сезоната, многу нови играчи имаше во Вардар, нови бекови и мислам дека сега е поинаку. Осум-девет месеци работи заедно оваа екипа и мислам дека треба да му се реваншираме на Веспрем. Сепак, знаеме дека се многу цврсти, играат квалитетна одбрана, многу висока е нивната зона и ќе треба многу фокусирано и бргу да ги решаваме сите ситуации во напад што ќе ни се нудат. Ние треба да одговориме со иста таква одбрана, гранитна и мислам дека ако одиграме маестрална одбрана, како што знаеме, со неколку брзи голови, мислам дека тука треба да сме во мала предност- вели Талески.