Утре на програмата е првиот осминафинален дуел во ЛШ, меѓу екипите на Вардар и Веспрем. Кај противникот настапуваат неколку поранешни вардарци, додека на кормилото е Давид Дејвис, човекот кој заедно со Раул Гонзалес во 2017 година испишаа историја освојувајќи ја Европската титула со црвено-црните.
Во пресрет на утрешниот дуел, противничкиот тренер со респект збореше за двократниот Европски Шампион, потенцирајќи дека Вардар не смее никогаш да се потцени.
-Без разлика на која позиција на табелата заврши, Вардар секогаш е незгоден, игра до крај и затоа сме свесни дека ќе биде тешко. Тој е двократен европски шампион. Имаа проблеми, како и сите останати во овој период, а мислам дека резултатите не ја даваат реалната слика на квалитетот на овој Вардар. Мора да сме фокусирани и подготвени во секој сегмент и во секое време, оти Вардар никогаш не се предава, вели Дејвис.