Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем е подобар во меѓусебните соочувања, но Вардар ја има „најслатката“ победа
Веспрем е подобар во меѓусебните соочувања, но Вардар ја има „најслатката“ победа

Веспрем е подобар во меѓусебните соочувања, но Вардар ја има „најслатката“ победа

Пред Вардар е предизвикот наречен Вардар и пласман во следната елиминациска рунда од Лигата на Шампионите. Утре во С.Ц. Јане Сандански, ќе се судрат добро познатите противници и ривали, кои ќе се обидат да стигнат до 1/4 финалето на ЛШ.

Вардар и Веспрем добро се познаваат од изминативе сезони преку настапите во ЛШ, но и оние во СЕХА-лигата.

Што се однесува до меѓусебните соочувања во ЛШ, двете екипи имаат одиграно вкупно 9 натпревари. Веспрем има подобар скор во дуелите со црвено-црните, забележувајќи дури шест победи, еден дуел завршил со нерешен резултат, додека Вардар има две победи.

Две победи, од кои една можеби и најзначајна против оваа екипа. Вардар во големото финале на ЛШ во 2019 година го победи токму Веспрем, освојувајќи ја на тој начин и втората Европска титула.

Ова се сите меѓусебни дуели на Вардар и Веспрем во ЛШ.

Сезона 2014/15  ( групна фаза)

Вардар – Веспрем  23:24

Веспрем – Вардар  32:24

Сезона 2015/16 ( 1/4 финале)

Вардар – Веспрем  26:29

Веспрем – Вардар  30:30

Сезона 2018/19 ( групна фаза)

Вардар – Веспрем  27:29

Веспрем – Вардар  25:27

Сезона 2018/19 ( ФИНАЛЕ)

Вардар – Веспрем  27:24

Сезона 2019/20 ( групна фаза)

Вардар – Веспрем  29:38

Веспрем – Вардар  39:30