Денес и утре ќе се одиграат првите осмина-финални натпревари во ракометната Лига на Шампионите. Во пресрет на овие дуели, ЕХФ излезе со ранкинг за шансите на екипите да ја поминат елиминациската рунда и понатаму да се најдат на завршниот турнир.
Според прогнозите, Вардар нема шанси во дуелот со Веспрем, односно црвено-црните според стручните лица во ЕХФ ќе бидат елиминирани од шампионот на Унгарија. Најголеми шанси за трофејот се дава на Барселона, додека токму Веспрем се наоѓа на втората позиција.
1.Барселона
2.Веспрем
3.Пари Сен Жермен
4.Фленсбург
5.Кил
6.Мотор
7.Кјелце
8.Мешков Брест
Останува да видиме дали прогнозите на ЕХФ ќе се остварат, кои секогаш биле песимистички во однос на Вардар.