Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар -Брегалница 4-0 (2-0)
(ВИДЕО) Вардар -Брегалница 4-0 (2-0)

(ВИДЕО) Вардар -Брегалница 4-0 (2-0)

Нашиот црвено-црн шампион вчера ја забележа и третата  победа оваа пролет во мечот од  рамките на 21. коло, во Првата македонска фудбалска лига против штипска Брегалница.  Во дуелот кој се одигра  на Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје избраниците на Гоце Седловски остварија убедлива победа со 4:0, а пак по 45 минути игра водството изнесуваше два гола . За нашиот тим  настапиа  : Гачевски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Асани /Глишиќ од 68мин./, Глигоров, Ќеран /Николов од 65 мин/, Хамбарџумјан, Ивановски, Фелипе  и Којашевиќ /Грозданоски  од 77 мин./

Стрелци за црвено-црните на овој меч беа : капитенот Грнчаров во 6 и 73 минута,  Фелипе во  37  минута од пенал и  Хамбарџумјан во 59 минута.