Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Натпреварот Брест Мешков- Вардар ќе се одигра на 29-ти март
Натпреварот Брест Мешков- Вардар ќе се одигра на 29-ти март

Натпреварот Брест Мешков- Вардар ќе се одигра на 29-ти март

Натпреварот од последното коло во сеха-лигата помеѓу екипите на Брест Мешков и Вардар ќе се одигра на 29-ти март со почеток од 18 часот. По договор на двете екипи, кои имаат настапи во 1/8 од лигата на шампионите, овој дуел е преместен за друг термин, откако истиот требаше да биде одигран на 12-ти март ( сабота).

Брест Мешков го очекува двомеч со екипата на Киелце во 1/8 од најголемото ракометно натпреварување, додека црвено-црните како пречка ја имаат екипата на Висла Плоцк. Инаку двете екипи веќе имаат обезбедено учество на завршниот турнир во сеха-лигата.