Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Директен пренос од натпреварот РК Вардар Јуниор-Пролет
Директен пренос од натпреварот РК Вардар Јуниор-Пролет

Директен пренос од натпреварот РК Вардар Јуниор-Пролет

Викендов кој следи продолжуваат возбудувањата во машата ракометна супер-лига. РК Вардар Јуниор предводен од тренерот Пепи Манасков во недела во спортско рекреативниот центар Кале ја пречекува екипата на Пролет. Натпреварот ќе започне од 15:00 часот со директен пренос на Македонската телевизија. На првиот меч одигран на гостински терен, Вардарци го победија тимот на Пролет со резултат 25:29.

Јуниор во моментов се наоѓа на петтото место на табелата со вкупно 18 освоени бодови. Имаат остварено шест победи и осум порази. Сеуште постојат теоретски шанси да се нападне она четврто место кое води во плејоф, иако реално шансите за такво нешто се многу мали. Сепак спортски е да се надеваме и до крајот на одиграме максимално добро, со освојување на нови бодови во најсилната супер-лига.