Вардар се врати од гостување со трите бода, но главна тема во Кратово уште долго ќе биде првиот гол на Вардарци, дело на репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски. Спировски го постигна првиот гол за Вардар. Изведе еден слободен удар, од преку 35 метри, и со фантастичен бомба удар го матираше голманот Вујанац. Овој гол наиде на аплауз од целата публика во Кратово.
Видео: