Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Марко Мишевски- Победата со Струга е заслуга на целиот тим
Марко Мишевски- Победата со Струга е заслуга на целиот тим

Марко Мишевски- Победата со Струга е заслуга на целиот тим

Третиот црвено-црн машки сениорски ракометен колектив, младата екипа на РК Вардар 2 со победа ја започна новата сезона во Првата ракометна лига, во која втора година по ред се натпреварува. Младите вардарци, избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето во Струга, против истоимената екипа на отварањето на првенството, конечниот резултат со кој победивме беше 23:27. Најефикасни беа Стефан Крстевски и Марко Мишевски со по 4 гола  на овој дуел. Младиот Мишевски одигра одличен меч токму со него разговараме за мечот со Струга, неговите впечатоци и очекувањето за продолжението од сезоната.

Ние добро го започнавме овој меч со добра и цврста игра во одбраната, што пак во продолжение резултираше со  доста  брзи и лесни голови во нападот заради што успеавме да триумфираме во Струга. Јас од прикажаната своја игра на овој деби меч во првенството сум задоволен, сепак како што се вели  секогаш може и подобро. Моите  соиграчи  апсолутно сите се заслужни за победата на натпреварот, бидејќи заедно ја изборивме со многу труд. Се надевам дека во продолжение од првенството ќе продолжиме да се бориме и на секој натпревар одиме на победа- изјави младиот  Мишевски за нашиот сајт.