Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе ги пренесува сите натпревари од Аланија
Вардар ќе ги пренесува сите натпревари од Аланија

Вардар ќе ги пренесува сите натпревари од Аланија

Од Вардар добиваме позитивни вести. На подготовките во Аланија со експедицијата во среда патува и камерман кој ќе ги снима сите седум пријателски средби, па така љубителите на црвено – црните бои ќе можат низ директен стрим да ги проследат натпреварите на својот миленик.

Вардар изминатава есен не ги пренесуваше своите натпревари преку видео стрим, па оваа информација е добредојдена.

Инаку, кога сме кај пријателските средби, Вардар информира дека се договорени тест дуели со Иртиш Павлодар, Сумгаит, Александрија и Черно Море од Бугарија, а остануваат уште три слободни места.